Знаете ли кои се најдобри години за мажење и женење во БиХ?

Од:

Радио Сараево – Сараево

Агенцијата за статистика во БиХ на својата официјална интернет страна објави редовна годишна публикација под името „БиХ во бројки – 2016 година”, во која се прикажани сите статистички параметри кои ја одбележаа годината зад нас.

Сите тие параметри се идеален показател на општеството во БиХ преку статистиката, т.е. колку и во кој правец се развиваме низ годините. Така преку оваа публикација може да се види демографското движење на населението во минатата година, како и сите податоци за развој на некои индустриски гранки, како и за развојот на целокупното општество во БиХ, преку посебни секции.

Еден од најинтересните показатели во овогодишната публикација е бројот на браковите кои се склучени на подрачјето на БиХ. Иако можеше да се очекува дека во минатата година ќе бидат забележани помалку бракови во однос на претходните години, поради се повеќе незадоволни од стандардот на животот кои заминуваат од БиХ, очекувањата не беа потврдени.

Откако во 2013 беше забележан рекордно мал број на бракови, во претходните три години забележан е раст на бројот на склучени бракови во БиХ. Сепак, поразително е дека покрај тоа е забележан и пораст на бројот на разведените бракови, но сепак тоа е речиси четири пати помалку од бројот на склучените бракови.

Уште поинтересни се статистичките параметри кои говорат за периодот на животот во кој се венчаваат најмногу државјани на БиХ. Кога станува збор за мажите, барем според статистиката, идеална возраст за стапување во брак е од 25 до 29 години, па така во 2015 година на оваа возраст се ожениле дури 7.326 што е многу повеќе од било која друга возраст.

Статистичкиот показател за жените е нешто поинаков и тие во повеќето случаи не чекаат долго за мажење. Најмногу се мажат на возраст од 25 и 29 години, па од нив 6.360 во текот на 2015 година на оваа возраст стапиле во брак. Сепак, ништо помалку не се застапени ни нивните помлади сограѓанки, кои избрале да се мажат пред 25 година, па во истата година на возраст од 20 до 24 години се омажиле дури 6.181 жена.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски