Штох победник во Сапоро

Од:

Полјакот Камил Штох е победник на ски-скоковите што се одржаа ноќеска во Сапоро, Јапонија.

Штох освои 262,7 бодови со скоковите од 137,5 и 140 метри.

Второто место му припадна на Германецот Андреас Велингер со 255,3 бода (140,5 и 132 метри), додека трет беше Стефан Крафт од Австрија со скокови од 132 и 144 метри, или 249,6 бода.

Победниците од првиот натпреварувачки ден во Сапоро, Мачеј Кот и Петр Превц завршија на четвртата, односно на шестата позиција.

Со денешната победа Штох ја зголеми предноста во однос на Крафт во Генералниот пласман: Штох 1.180 бода, Крафт 1.040, Андреас Танде 1.034, Домен Превц 878, Кот 747, Велингер 708,…

Следниот натпревар ски-скокачите ќе го имаат на 14 февруари (вторник) во Пјонг Чанг, Кореја.

Би можело да ве интересира

Штох победник на денешните летови во Оберздорф

Ана Ололовска

Штох триумфира и на втората од „Четирите скокалници“

Ана Ололовска

Штох победник на првата скокалница од Новогодишната турнеја

Ана Ололовска

Тежок пад на ски-скокачот Дитхарт

Ана Ололовска

Кот победник на денешните скокови во Кореја

Ана Ололовска

Танде победник во Гармиш

Ана Ололовска