Македонските кошаркарски прволигаши вчеравечер ги одиграа натпреварите 12 коло, а дербито во Куманово му припадна на истоимениот домашен тим кој го совлада досегашниот лидер Фени Индустри.
Работнички го искористи вториот сезонски поразот на Фени и со победата над Охрид повторно се врати на водечката позиција.
Резултати:
Вардар – Кожув 73:86,
Куманово – Фени Индустри 64:60,
Работнички – Охрид 97:61 и
Струмица – Пелистер 66:64.
Табела: Табела: Работнички 22 бода, Фени Индустри 22, Куманово 19, Кожув 18, Пелистер 16, Струмица 16, Охрид 15, Вардар 12.