Македонските кошаркарски прволигаши вечер ќе го одиграат 12 коло, а дербито е во Куманово каде кај истоимениот домашен тим гостува лидерот на табелата Фени Индустри. Кумановчани со поддршка од публиката ќе се обидат да му се реваншираат на силниот противник и да му го нанесат само вториот пораз сезонава.
Второпласираниот Работнички во „Градски парк“е домаќин на АВ Охрид. Центарци по неочекуваниот пораз од Кожув во претходното коло, на дуелот против Охрид ќе се обидат да го поправат лошиот впечаток од гостувањето во Гевеглија и да се вратат во победнички ритам пред завршницата од Купот на Македонија во Кавадарци.
Двојки:
Вардар – Кожув (почеток 17 часот),
Куманово – Фени Индустри (19),
Работнички – Охрид (17) и
Струмица – Пелистер (18).
Табела: Табела: Фени Индустри 21 бод, Работнички 20, Куманово 17, Кожув 16, Пелистер 15, Струмица 14, Охрид 14, Вардар 11.