Во Ангола загинаа 17 лица во стампедо на фудбалски стадион

Од:

Најмалку 17 лица, меѓу кои има и деца, загинаа денеска во стампедо на стадион во северниот дел на Ангола, а десетици се повредени, соопшти полицијата.

Паниката се прошири на фудбалскиот натпревар во Ангола, во покраината Ујиже, за време на мечот меѓу клубовите „Санта Рита де Касија“ и „Рекреативо де Либоло“, во рамките на домашната лига.

– На влезот на стадионот „4. јануари“, настана метеж, кој предизвика масовни жртви – 17 мртви и 56 повредени, кои се хоспитализирани, изјави портпаролот на полицијата Орландо Бернардо.

Тој додаде дека меѓу жртвите има и деца, но не се знае нивниот точен број.

Илјадници гледачи се обидоа да влезат на преполниот стадион со цел да го гледаат натпреварот, предизвикувајќи метеж, во кој луѓето паѓаа на земја, а причина за смртта на овие 17 лица е газење или задушување во метежот, соопшти полицијата.

Лошата контрола на публиката во Абиџан пред квалификациите за Светското првенство 2010 доведе до 19 смртни случаи, а во стампедо во 2001 година, на стадионот „Акра“ во Гана, загинаа 127 лица.

Би можело да ве интересира

Покренато обвинение против најбогатата жена во Африка, Изабел дос Сантос, ќерката на поранешниот претседател на Ангола

Ана Ололовска

Претседателот на Ангола по 38 години заминува од функцијата

Наум Локоски

Шестмина загинати во хеликоптерска несреќа во Ангола

Емир Латифовиќ

Во Ангола од епидемијата на жолта грозница настрадале 158 лица

Ана Ололовска

Ангола го прогласи исламот за секта и ги затвори џамиите?

Емир Латифовиќ

Ангола купува руско оружје од една милијарда долари

Ана Ололовска