Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека групите кои ги подржува финансиерот Џорџ Сорос и неговата империја сакаат тајно да влијаат на унгарската политика.
Орбан, при говорот за состојбата на нацијата истакна дека организацијата на Сорос работи на тоа да донесе стотини илјади мигранти во Европа, спротивно од желбата на Унгарија и нејзината Влада.
Орбан додаде дека групите кои делумно ги финансира Сорос треба да бидат транспарентни и препознатливи.
Унгарскиот премиер не ги именуваше, но владините претставници претходно ја споменуваа организацијата „Транспаренси Интернешенал“ и групите за човековите права како што е унгарскиот Хелсиншки комитет и унгарската Унија за граѓански слободи.
Претставниците на Сорос засега не ја коментираа оваа изјава.