Судот во Валенсија денеска изрекол казна за 11 политичари, јавни службеници и бизнисмени во траење до најмногу 13 години, што е прва вакава голема пресуда за корупција во Шпанија по почетокот на економската криза.
Осудените имале воспоставено бизинис-корупциска мрежа во Валенсија во периодот од 1995. година до 2005.
На чело бил бизнисменот Франциско Кореа кој имал врски во владеачката Народна партија на десниот центар. Тој и поранешниот политичар од истата партија, Пабло Креспо добиле затворски казни од по 13 години.
Прогласени се за виновни за подмитување на државни службеници, купување и продажба на доверливи информации и добивање на договор со регионалната влада за туристички саеми.
Директорот на канцеларијата за туризам, Рафаел Беторет е осуден на 6 години, а поранешната функционерка на региналната влада, Милагроса Мартинез на 9 години.
Случајот е познат под името „Гуртел“ и се уште не е завшрен. Државното обвинителство напоменува дека мрежата на Кореа работела во шест шпански покраини. Преку овој случај отворени се повеќе истраги низ целата земја, вклучувајќи и обвиненаи против поранешниот секретар на Народната партија, Луис Барценас за нелаглно финансирање на партијата.