Општина Кичево најави поддршка на спортски активности

Од:

Од буџетот на општина Кичево за подршка на спортски здруженија и спортски екипи годинава се предвидени 4 милиони 740 илјади денари.

Со денеска распишаниот повик, што ќе трае 20 дена, ќе се распределат финансии за поддршка на проекти и активности за подигање на нивото на екипните и боречките спортови на територија на општина Кичево, како и за подигање на свеста за интегриран спорт меѓу заедниците во таа општина.

За поддршка на спортисти и други активности за спорт и рекреација, се предвидени 310.000 денари, преку програмски проекти од приоритените области: организирање традицонални спортски aктивности и подршка на спортски сојузи на територија на Кичево.

Здруженијата и фондациите коишто ќе учествуваат на огласот треба да достават: пријава за финансиска поддршка, буџет апликација, решение за регистрација на здружението или екипата, извештај за добиените средства од буџетот на општина Кичево во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација, доколку здружението било корисник на такви средства.

Здруженијата на граѓани можат да поднесат само една пријава за финансиска подршка за проект или манифестација.

Спортските здруженијата и екипи на кои ќе им бидат доделени средства согласно Програмата за спорт и рекреација, по завршувањето на своите програмски активности треба да достават извештај за користење на средствата до Секторот за финансии на Општина Кичево.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух