Почнува изградбата на новиот водоснабдувачки систем во Гевгелија

Од:

Изградбата на новиот водоснабдувачки систем во Гевгелија ќе стартува на 15 февруари, најави денеска градоначалникот Иван Франгов по средбата со претставниците на изведувачот „Хидрострој“, надзорната фирма „Геинг“ и проектната единица при Министерството за финансии.

– Заеднички констатиравме дека сите подготовки се завршени и договоривме изведбените работи да почнат на 15 овој месец и ќе се реализираат согласно потпишаниот Договор, рече Франгов.

Проектот за подобрување на системот за снабдување со вода предвидува изградба на нови бунари со проектирана издашност од 150 до 200 литри вода во секунда, хлорна станица, резервоар на Мрзенски рид со капацитет од 1.000 метри кубни и потисен цевковод од бунарите до резервоарот, со должина од 1.366 метри.

Изградбата на системот вреден околу 105 милиони денари треба да заврши до крајот на оваа година. Средствата се обезбедени преку ИПА грант од Европската инвестициска банка и преку подзаем од Светската банка.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно