Македонските кадети подобри од врсниците на Анадолу Ефес

Од:

Македонската селекција за кошаркари до 16 години со победа на Анадолу Ефес го започна својот настап на турнирот во Истанбул.

Оваа наша селекција во првиот од четирите предвидени натпревари го совлада младинскиот тим на евролигашот Анадолу Ефес со 64-54.

Тие синоќа имаа можност и да го гледаат натпревар од 22.коло во Евролигата меѓу Анадолу Ефес и Армани Милано.

Денеска млади кошаркари кои се под раководство на тренерите Небојша Ѓуковиќ и Горан Даниловски, ќе играат со уште една младинска екипа, чиј сениорски тим настапува во Евролигата, а тоа е составот на Дарушафака.

За во сабота предвиден е мечот со врсниците од Галатасарај, додека настапот ќе биде заокружен во недела со вториот дуел против домаќинот Анадолу Ефес.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ