Дачиќ: Дали знам каде бев денеска, тоа ќе зависи само од нив

Од:

Тоа зависи од нив. Каков став ќе имаат за најважното прашање за нас, таков став ќе имаме и за нивното прашање. Без лутење и расправии, само чиста сметка, порача министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ преку српски Блиц, во однос на на прашањето дали знае каде бил денеска.

Ивица Дачиќ денеска присуствуваше во Скопје, на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи и енергетика на Западнобалканската шесторка која ја сочинуваат Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски прашан дали добил објаснување од Дачиќ за неговата изјава дека Србија не требало да ја признае Македонија под уставното име и оти во понатамошните мултилатерални односи треба да користи ПЈРМ, Попoски рече дека српскиот министер му одгoворил „не различно од она што јавно ко кажа“.

Дачиќ во неколку наврати претходно изјави дека Македонија не треба да се лути што Србија ги штити своите интереси и дека во меѓународната комуникација ќе го користи името БЈРМ доколку земјава повторно гласа за прием на Косово во УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он