Дванаесетти триумф во низа за Мајами

Од:

Екипата од Флорида ја продолжи победничката серија која трае 12 натпревари, откако ноќеска Мајами триумфираше на гостувањето кај Милвоки.

Успешен беше и шампионот Кливленд, кој и покрај негативата од 15 поени на крајот запиша победа над Индијана во најефикасниот дуел.

До 40. победа оваа сезона стигна Сан Антонио предводен од Каваи Ленард кој реализира 32 поени на гостувањето кај Филаделфија.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу среда и четврток:

Индијана – Кливленд 117:132,
Филаделфија – Сан Антонио 103:111,
Атланта – Денвер 117:106,
Бруклин – Вашингтон 110:114 (по продолжение),
Детриот – ЛА Лејкерс 121:102,
Мемфис – Феникс 110:91,
Милвоки – Мајами 88:106,
Минесота – Торонто 112:109,
Њу Орлеанс – Јута 94:127,
Њујорк – ЛА Клиперс 115:119,
Голден Стејт – Чикаго 123:92,
Сакраменто – Бостон 108:92.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 44-8, Сан Антонио 40-12, Хјустон 38-17, Јута 34-19, ЛА Клиперс 32-21, Мемфис 33-22, Оклахома Сити 30-23, Денвер 23-29,…

Пласман Источна конференција: Кливленд 36-15 (победи-порази), Бостон 33-19, Вашингтон 31-21, Торонто 32-22, Атланта 31-22, Индијана 29-23, Чикаго 26-27, Детроит 25-28,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on