Се поставуваат заштитни улични столбови на повеќе локации во Скопје

Од:

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, во изминативе денови интензивно работат на поставување заштитни столбови на повеќе локации во Скопје. Овие столбови се поставуваат за зголемување на безбедноста на пешаците и на велосипедистите, соопшти Град Скопје.

Со оваа акција, како што се наведува, се врши санација на уличните столбови коишто се оштетени од сообраќајни незгоди, како и од несовесни граѓани.

Изминативе неколку денови поставени се над 100 заштитни столбови на булеварите Метрополит Теодосиј Гологанов, Климент Орхидски, Партизански одреди, Кузман Јосифовски Питу, како и на улиците Димитрие Чуповски и 11-ти Октомври, кај Градската општа болница Свети Наум Охридски.

При поставување и замена на столбовите се врши машински ископ на земјен материјал, транспорт на градежен шут, како и бетонирање и поставување на столбовите коишто се заградуваат со заштитна трака.

Оваа активност, најавуваат од Град Скопје, ќе продолжи и во наредниов период на сите улици каде што ќе има потреба за замена и поставување нови столбови за безбедност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски