Унгарија ќе ги притвора барателите на азил

Од:

Унгарија планира мигрантите кои бараат азил во таа држава да ги држи во притвор додека се обработуваат нивните барања, објави денеска портпаролот на владеачката партија.

Планот би требало да се најде на дневен ред во Собранието во следните месеци и го претставува цврстиот став на партијата на премиерот, Виктор Орбан, за имиграцијата.

Според планот, мигрантите на кои не им е веднаш одбиен азилот нема да може слободно да се движат додека нивните барање се разгледуваат.

„Отсега ќе има две опции. Ако ги исполнуваат одредените критериуми може да бидат притворени. Ако не, ќе направиме hot spot каде што ќе треба да чекаат властите да ги процесираат нивните барања“ изјави Лајос Кос од владејачката Фидеза.

Мигрантите ќе бидат притворени во близина на граница соопшти Кос, но не појасни дали владата ќе отвара нови центри и како би изгледале споменатите hot spot места.

Унгарскиот Хелсиншки комитет тврди дека со оваа мерка се крши меѓународното право.

„Ни законодавството на ЕУ ни Европската конвенција за човекови права, а ни унгарското законодавство не дозволува масовно затворање на баратели на азил без посебни истраги и оправдувања“ соопштија тие.

„Доколку има сомневања дека некој барател на азил е терорист, тогаш тој може и треба да биде притворен додека се процесира неговото барање, но не може да бидат притворени сите баратели на азил“ додаваат од Хелсиншкиот комитет.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта