Македонските кошаркарски кадети на меѓународен турнир во Истанбул

Од:

Македонската репрезентација за кошаркари до 16 години се наоѓа во Турција каде ќе учествува на силен меѓународен турнир.

Натпреварите ќе се играат во Истанбул од утре до недела.

Кратките подготовки за овој турнир Македонија ги одржа во салата на Вардар под „Кале“ предводени од селекторот Небојша Ѓуковиќ.

– Во однос на ангажираноста и посветеноста на младите репрезентативци како селектор сум релативно задоволен земајќи предвид дека одржавме само неколку тренинзи, а и мојата девиза е дека секогаш може и мора подобро, изјави Ѓуковиќ.

Македонија ќе одигра четири пријателски натпревари: два против врсниците од Анадолу Ефес (9 и 12 февруари) и по еден со Дарушафака (10 февруари) и Галатасарај (11 февруари).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос