Кошаркарите на Портланд остварија минимална победа на гостувањето кај Далас на еден од трите дуели одиграни ноќеска.
Победничкиот кош на 0.9 секунди до крајот го постигна Си-Џеј Мек Колум. Тој со 32 поена беше и најефикасен на дуелот, додека Дамиан Лилард реализираше 29 поени. Портланд е на деветтото место во Западната конференција со два пораза повеќе од осмопласираниот Денвер.
Резултати на ноќеска одиграните натпревари од НБА лигата:
Шарлот – Бруклин 111:107,
Хјустон – Орландо 128:104,
Далас – Портланд 113:114.
Пласман Источна конференција: Кливленд 35-15 (победи-порази), Бостон 33-18, Торонто 32-21, Вашингтон 30-21, Атланта 30-22, Индијана 29-22, Чикаго 26-26, Детроит 24-28, Шарлот 24-28, …
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 43-8, Сан Антонио 39-12, Хјустон 38-17, Јута 33-19, ЛА Клиперс 31-21, Мемфис 32-22, Оклахома Сити 30-23, Денвер 23-28,…