Гостивар и Вардар ќе се борат за последното место за завршницата од „Лимак Купот“

Од:

Лидерот во Втората лига Гостивар и последно пласираниот тим од елитното друштво Вардар вечер од 19 часот во салата „Младост“ во Гостивар ќе одлучуваат за последниот учесник на завршниот турнир на најдобрите осум екипи во кошаркарскиот „Лимак Куп“ на Македонија.

Гостивар и Вардар иако во првата фаза од осминафиналето беа во улога на аутсајдери во дуелите против подобро рангираните екипи на Струмица и Пелистер, сепак на крајот успеаја да се пласираат во завршниот осминафинален меч од купот .

Гостивар во интересен и израмнет меч ја доби Струмица со 80:75, а младите кошаркари на Вардар го декласираа Пелистер со 108:54.

Завршниот турнир од националниот куп ќе се игра од 17 до 19 февруари во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ