Во рамки на одбележувањето на Денот на словенечката култура денеска ќе се одржи Прешернова вечер посветена на словенечкиот поет Франце Прешерн.
За делото на Прешерн беседа ќе одржи проф. д-р Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, а воведна реч ќе има македонскиот поет и литературен критичар Раде Силјан. Стихови на македонски и словенечки јазик ќе читаат членови на Друштвото за македонско-словенечко пријателство од Скопје.
По овој повод ќе биде отворена и изложба на слики на тема „Липицанери“ од Алекса Славинец.