Унгарија предлага план за задржување на секој кандидат за азил

Од:

Унгарија ќе продолжи на ниво на Европска унија европските граници да бидат заштитени преку автоматско задржување на секој кандидат за бегалски статус. Задржувањето ќе трае до завршување на обработката на молбата за лицето, изјави денеска портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач за британскиот весник „Гардијан“.

Тој истакна дека секој кој сака азил во Унгарија ќе биде задржан во центар се додека трае процедурата. Барателите на азил во секој момент ќе можат да се вратат во своите татковини.

– Ниту еден мигрант, дури ни тие кои побарале азил нема да можат да се движат слободно се додека не добијат правно решение за политички азил, бегалски статус или друго, посочи Ковач.

Тој додаде дека обработката на молбата ќе трае неколку месеци бидејќи секој случај треба да се проучи детално.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта