Советот на Европска унија денеска го прифати предлогот на Европската комисија за продолжување на внатрешната гранична контрола во пет земји од Шенген зоната за уште три месеци, поради миграциската криза.
– Од 11 февруари, кога истекува рокот на претходното решение, Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка треба да продолжат со граничната контрола за уште три месеци, се наведува во соопштението на ЕК.
Привремената контрола на внатрешните граници во Шенген зоната почна есента 2015 година.