Кучи: Ќе спречиме да дојде до нафтена криза

Од:

Ќе се интензивираат состаноците за надминување на проблемот со спречениот транспорт на нафта од Грција кон Македонија поради блокадата на македонско-грчката граница кај Евзони од страна на грчките земјоделци, најави денеска министерот за економија Дритон Кучи.

– Блокадата е внатрешен проблем на Грција и се надевам дека што поскоро ќе се реши. Како надлежен орган правиме напори да им олесниме на сите што патуваат кон Грција, а не само на транспортерите, рече Кучи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

За тврдењето на ОКТА дека е можна нафтена криза во земјава доколку наскоро не поминат цистерните со нафта од Грција во Македонија, министерот Кучи рече дека ќе спречат било каква криза.

– Секако ќе спречиме да дојде до било каква криза. Вчера од Секторт за енергетика ми укажаа дека веќе треба да се справиме со можната нафтена криза и затоа од денеска ќе ги интензивираме состаноците за надминување на проблемот, рече Кучи.

Нагласи дека контактираат со грчките органи идодаде дека и тие не знаат до кога ќе трае блокадата на границата и протестите на земјоделците.

– Сакам да се надмине проблемот, бидејќи ја загрозува економската ситуација во земјава. Имаме комуникација со грчките органи, но сепак станува збор за интерен проблем, потенцира Кучи.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Горан Наумовски

Поевтинуваат горивата

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Поевтинуваат дизел горивата и мазутот

Нови цени на горивата

Нови цени на бензините и дизелот