Друштвото на писателите на Македонија идниот четврток ќе го одбележи 70-тиот роденден

Од:

Друштвото на писателите на Македонија по повод 70-тиот роденден на 16 февруари ќе организира свечен собир, на кој годишните награди „Ацо Шопов“, „Стале Попов“, „Димитар Митрев“ и „Ванчо Николески“ ќе им бидат врачени на годинашните лауреати Гордана Михаилова-Бошнакоска, Лилјана Пандева, Кристина Николовска и Александар Поповски.

ДПМ соопшти дека на свечениот собир идниот четврток ќе му додели Повелба на стопанственикот Трифун Костовски кој по повод 70 години од формирањето на македонската писателска асоцијација донирал 100.000 денари.

– По повод овој чин, ДПМ на Трифун Костовски, чија фондација при МАНУ со години е редок пример на вложувања во областа на науката и уметноста, му изразува јавна благодарност за неговата поддршка на културните и творечките процеси. Во знак на признателност, на Костовски ќе му биде предадена Повелба на ДПМ за осведочен поттикнувач на вредностите во културата и поклоник на големото дело на Блаже Конески, првиот претседател на македонската писателска асоцијација, информира ДПМ.

Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година. Во изминатите седум децении во ДПМ членувале 540 писатели кои создале илјадници дела во областа на поезијата, романот, расказот, драмата, критиката, есеистиката и литературата за деца.

Би можело да ве интересира

Почина писателот Видое Видичевски

Ана Ололовска

Отворен конкурс за традиционалните годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

Поетите Михаил Ренџов и Мирослав Биелик добитници на „Книжевен жезол“ за 2020 година

Ана Ололовска

Врачени годишните награди на ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ ги соопшти добитниците на наградите за 2019 година

Ана Ололовска

Поетско читање во чест на Блаже Конески

Ана Ололовска