Москва бара извинување од „Фокс“ за „навредата кон Путин“

Од:

Официјална Москва побара од американската телевизиска компанија „Фокс“ извинување за новинарското прашање во интервјуто со претседателот на САД, Доналд Трамп, во кое новинарот Бил О’Рајли го нарече рускиот претседател Владимир Путин „убиец“.

За руската страна, ваквата квалификација од новинарот е „навредлива и неприфатлива“, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека една „респектибилна телевизија“ како „Фокс“, најмалку што може да направи, е да му се извини на претседателот Путин.

На забелешката од новинарот дека „Путин е убиец“ поради бројните убиства на руски дисиденти и новинари во изминатите години, при што ниту едно не е расветлено, американкиот претседател даде неодреден одговори.

– Има многу убијци. Ние (во САД) имаме многу убијци. Што мислите, па и ние не сме толку невини, рече Трамп.

Во интервјуто, тој одново изјави дека го почитува Путин и дека од него сака да добие помош во борбата против исламскиот тероризам.

„Фокс“ е телевизија која е блиска до американската десница и важи за наклонета кон претседателот Трамп.

Според американските медиуми, многу републикански политичари, меѓутоа, останале незадоволни од одговорите на Трамп и од неговата одбрана на рускиот претседател, а посебно од неговото објаснување дека „ниту САД не се секогаш невини“.

Лидерот на демократите во Конгресот на САД, Ненси Пелоси, пак, изјави дека би сакала да знае „што Русите му направиле на претседателот на САД“ и побара од ФБИ истрага за, како што рече, „врските на Трамп со Русија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми