Германското Министерство за финансии се надева дека ќе се најде решение за учеството на Меѓународниот монетарен фонд во програмата за спас на Грција, затоа што во спротивно таа ќе заврши.
-Министерот за финансии, Волгфганг Шојбле, веќе јасно кажа дека доколку ММФ не учествува во помошта за Грција тогаш програмата е завршена, одговори денеска портпаролот на германското Министерство за финансии, Јерг Вајсбергер, на прес конференција, на прашањето какво решение очекува од извршниот оддбор на ММФ во врска со помошта за Герција, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Германија бара ММФ да учествува во исплата на третата транша пари што Грција треба да ги добие во наредниве осум месеци, но се противи Атина да добие значително бришење на долгот, на кое инсистира Меѓународниот монетарен фонд.
Намалување на долгот на Грција, според Берлин, е можно само доколку Грција ги спроведе целосно широките реформи и го задржи буџетскиот суфицит од 3,5 отсто најмалку пет години по завршувањето на програмата за помош, во 2018 година.