Неколку илјади приврзаници на идејата за отцепувањето на Каталонија од Шпанија, денеска протестираат пред зградата на Судот во Барселона, каде му се суди на поранешниот претседател на каталонската регионална влада, Артур Мас.
Мас е обвинет за противзаконско организарање на референдумот за независност на Каталонија на 9 ноември 2014 година, иако тој не беше одобрен од централната влада и забранет од Уставниот суд на Шпанија.
Обинителите во процесот бараат Судот да го казни Мас со десетгодишна забрана за извршување на каква било политичка функција.
Ова е првпат еден шпански Суд да му суди на политички лидер на Каталонја. Локалните сепаратусти го користат судскиот процес за својата кампања за нов референдум, што новата каталонска регионална влада го најавува за септември оваа година.
Според каталонските сепартисти, на референдумот од 2014 година, 80 отсто од Каталонците кои гласаа, се определиле за отцепување на регионот од Шпанија и за прогласување на Каталонија за независна држава.
Но, на ова „неформално“ изјаснување учествуваа само поддржувачите на Мас и на идејата за отцепување, додека останатите жители на Каталонија го бојкотираа референдумот.
На референдумот гласаа само околу два милиони од вкупно 5,4-те милиони регистрирани гласачи во Каталонија.
Каталонскиот сепаратизам води корени од Средниот век, кога Каталонија била независна држава. Каталонците инсистираат на својата посебност како народ, кој има јазик различен од шпанскиот и посебна култура и поинакви традиции од оние на Шпанците.
Во модерна Шпанија, Каталонија е една од најразвиените и економски најбогатите региони во земјата.