Трудо не сака „да го чепка гризлито додека руча“

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо внимателно настапува во односот со новиот американски претседател Доналд Трамп и се труди да избегнува несогласувања.

Политичките аналитичари сметаат дека таквата внимателна стратегија би можела да го налути гласачкото тело на Трудо, но додаваат дека канадскиот премиер засега немал избор освен да биде воздржан, бидејќи 75 отсто од извозот Канада го има кон САД, па можните несогласувања со Трамп би можеле да им наштетат.

„Зошто да се чепка гризлито додека руча? Трамп само што седна во Белата куќа и се уште ја формулира својата економска политика“ изјавил за Ројтерс, политички извор близок до канадската влада.

Трудо имаш одличен однос со претходниот американски претседател Барак Обама, а колку ќе чекаме за првата средба помеѓу Трудо и Трамп останува да видиме.

„Прилично е добро што Трудо оддолева на искушенијата јавно да го критикува Трамп“ изјави поранешниот канадски амбасадор во Вашингтон, Мајкл Кергин.

Меѓутоа, сепак Трудо не е целосно повлечен. Откако Трамп ја потпиша извршната наредба за забрана на влез на лица од седум претежно-муслимански земји, тој преку Твитер објави дека Канада е отворена за сите кои бегаат од војните.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија