Нов „трипл-дабл“ за Расел Вестбрук

Од:

Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук ноќеска имаше ново шоу на мечот против Мемфис кој неговиот тим го доби пред домашната публика.

Вестбрук ја предводеше Оклахома до победата над Мемфис со 114-102, а средбата ја заврши со нов „трипл-дабл“ учинок, остварувајќи 38 поени, 13 скокови и 12 асистенции.

За Вестбрук кој се наметнува како најсериозен кандидат за признанието МВП – најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, ова беше 25-ти „трипл-дабл“ сезонава.

Кај гостите од Мемфис најзабележителен беше шпанскиот интернационалец Марк Гасол, кој покрај 31 поени, а имаше и 8 асистенции.

Најголема неизвесност синоќа имаше на дуелот во Хјустон каде „Ракетите“ дури по продолжението славеа победа против Чикаго со 121-117. На Џејмс Харден му недостасуваше една асистенција за дуелот да го заврши си „трипл-дабл“ учинок, па покрај 42 поени и 12 скока, Харден имаше и 9 успешни додавања.

На останатите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати овие сезултати:

Орландо – Торонто 102:94

Детроит – Минесота 116:108

Бруклин – Индијана 97:106

Бостон – Л.А.Лејкерс 113:107

Денвер – Милвоки 121:117

Портланд – Далас 104:108

Сакраменто – Феникс 103:105

Ноќеска во НБА лигата ќе се играат десет натпревари, а најинтересно се учекува да виде во Њујорк каде гостува шампионот Кливленд.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on