Пред повеќе од 600 излагачи, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) го промовира туристичкиот потенцијал на Македонија на саем за туризам во Брисел, Белгија.
– Белгија е една од земјите каде живее население кое троши 16.1 милијарди евра на одмори. Околу 78 отсто од белгијците патуваат во Европа, а 54 отсто преферираат долги одмори, се наведува во соопштението од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Фактот дека Скопје има директна линија со Брисел, два пати во неделата, отвора можности за соработка со бројни тур оператори, а делегација на АППТ, како што е посочено во соопштението, остварила состаноци со дел од нив: BT Tours, Antipodes, Vos Travel.
Од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на РМ информираат дека мнозинството на тур-оператори кои нудат активен туризам биле изненадени од староста на Охридското Езеро и авантурата која може да се доживее во Македонија.
Според статистиката 30 отсто од белгијците преферираат авантуристички туризам, додека 60 отсто посета на градови.