Млади математичари од Европа на меѓународен турнир во Скопје

Од:

Вкупно 60 млади математичари од образовни институции од седум држави од Централна и Источна Европа денеска и утре во Скопје ќе се натпреваруваат индивидуално и тимски решавајќи комплицирани логички математички задачи на меѓународен математички турнир чиј домаќин е училиштето „Нова“.

Турнирот е дел од програмата и активностите на асоцијацијата CEESA во која членуваат меѓународни училишта од Централна и Источна Европа, меѓу кои и „Нова“.

Како што се наведува во соопштението на „Нова“, задачите кои се решаваат на овие натпревари се исклучително тешки, но идејата не е да се тестира колку формули или равенки знаат децата туку да се погледне како размислуваат, а тие треба да размислуваат логички, да употребат принципи и правила кои ги научиле во математиката за да стигнат до вистинскиот одговор.

Во рамки на асоцијацијата CEESA, паралелно се одржуваат голем број натпревари, така што додека Скопје е домаќин на турнирот по математика за основци, во Москва се случува математички натпревар за средношколци, а во Загреб е турнирот во општи знаења кој е концепиран како квиз.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование