Јапонскиот премиер Шиндѕо Абе денеска изрази увереност дека заедно со американскиот претседател, Доналд Трамп, и со министерот за одбрана, Џејмс Матис, ќе успеат да демонстрираат „непоколеблив сојуз“ меѓу двете земји, соопштија британските медиуми.
Абе коментарот го даде на почетокот на својата средба со Матис.
Матис, кој пристигна во Јапонија по посетата на Јужна Кореја, е на својата прва турнеја како министер за одбрана.
Претставници на американските власти изјавија дека изборот на дестинацијата има за цел да ги зацврсти врските со двата сојузника во Азија, откако Трамп во текот на својата предизборна кампања, се чини, под прашање ја стави вредноста на таквите сојузи.
Абе, на 10 февруари, во Вашингтон, ќе се сретне со Трамп.