Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Марк Тонер изјави дека законите прифатени вчера од Владата на романскиот премиер Сорин Гриндјану, ја загрозуваат борбата против корупцијата.
Тој натаму нагласи и дека САД се длабоко загрижени по прашањето околу ситуацијата во Романија.
– Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени во врска со неодамнешните мерки на Владата на Романија кои го поткопуваат владеењето на правото и ја ослабнуваат одговорноста во финансиски и корупциски случаи, нагласи Тонер.