По две победи за домашните и за гостите во НБА лигата

Од:

Во НБА лигата ноќеска се одиграа четири натпревари, а по две победи постигнаа домашните и гостинските екипи. Голден Стејт во дуелот со ЛА Клиперс и седми пат оваа сезона постигна 133 поени и повеќе. Стеф Кари реализираше 29 поени, Кевин Дјурант 26, а Клеј Томсон 21, додека најефикасен беше играчот на ЛА Клиперс Блејк Грифин со 31 поен.

Гостинска победа оствари и Атланта благодарение на одличната последна четвртина која ја доби со 40:22 победи на гостувањето кај Хјустон. Тими Хардевеј Јуниор со 33 поени и Двајт Хауард со 24 поени и 23 скокови беа најдобри кај победникот, додека Џејмс Харден уфрли 41 поен за Хјустон.

Победи дома остварија Сан Антонио и Вашингтон.
Резултати на ноќеска одиграните дуели: Вашингтон – ЛА Лејкерс 116:108, Хјустон – Атланта 108:113, Сан Антонио – Филаделфија 102:86 и ЛА Клиперс – Голден Стејт 120:133.

Пласман Источна конференција: Кливленд 33-15 (победи-порази), Бостон 31-18, Торонто 30-20, Вашингтон 29-20, Атланта 29-21, Индијана 26-22, Чикаго 25-25, Шарлот 23-27,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 43-7, Сан Антонио 38-11, Хјустон 36-17, ЛА Клиперс 31-19, Јута 31-19, Мемфис 30-21, Оклахома Сити 28-22, Портланд 22-28,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on