Во Астана на 6 февруари ќе се одржи првата седница на заедничката оперативна група за Сирија

Од:

Министерството за надворешни работи на Казахстан потврди дека на 6 февруари во Астана ќе се одржи техничка средба за сирискиот конфликт на која ќе учествуваат претставници на Русија, Турција, Иран и ОН, пренесе ТАСС, повикувајќи се на казахстанската агенција „Казинформ“.

На седницата на заедничката оперативна група за Сирија ќе бидат разгледани прашањата за почитување на прекинот на огнот.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека на средбата, закажана за понеделник во казахстанската престолнина, посебно внимание ќе се посвети на разграничување на „умерената опозиција од терористичките формации на Фронтот „Ан Нусра“, што земјите гаранти на примирјето ја сметаат за многу важна задача.

На 6 февруари експертите треба да ги разработат мерките за контрола и прекин на прекршувањата на прекинот на огнот и за создавање на доверба меѓу властите и опозицијата во Сирија, како и да решат прашања од хуманитарен характер.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија