Европскиот парламент денеска одлучи граѓаните на Грузија да можат без визи да влегуваат во шенген зоната.
Безвизниот режим за Грузија треба да биде официјално одобрен од Европскиот совет, а ќе стапи во сила откако ќе почне да се применува механизмот за суспендирање, кој им дозволува на земјите-членки на ЕУ привремено да го укинат безвизното патување во случај на бран мигранти или безбедносна закана.
За безвизниот режим со Грузија „за“ гласале 533 пратеници, 66 се изјасниле „против“, а 27 биле „воздржани“.
Во шенген зоната се 22 земји-членки на ЕУ (сите со исклучок на Ирска, Велика Британија, Хрватска, Кипар, Романија и Бугарија) плус Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.