Ватикан денеска изрази загриженост заради извршната наредба на претседателот на САД, Доналд Трамп со која што се забранува влез на граѓани од седум претежно-муслимански земји.
„Секако дека постои загриженост, бидејќи ние сме гласноговорници на друга култура, онаа која е отворена“ рече заменикот државен секретар на Ватикан, архиепископот Анџело Бечу.
Бечу, кој е трет во ватиканската хиерархија, одговарајќи на прашања за забраната за влез на мигранти како и за ѕидот на јужната граница на САД рече дека папата Франциско инсистира на интеграција на тие кои доаѓаат во нашите општества и култури.