Црна Гора ќе уништи 403 тони оружје

Од:

Црна Гора наредните 15 месеци ќе треба да уништи 403 тони вишок вооружување, што ќе претставува почеток на проектот НАТО Фонд за демилитаризација, соопшти денеска црногорското Министерство за одбрана.

Акцијата, за којашто НАТО Фондот ќе издвои 700.000 евра има за цел уништување на оружјето на начин кој гарантира безбедност за животната средина и црногорските граѓани, јави РТЦГ. Вишокот оружје ќе биде уништено на некоја локација во Црна Гора.

Според податоците на Министерството за одбрана во воените складишта на земјата моментно има околу 2.000 тони вишок вооружување. По планираното уништување на 403 тона, ќе останат уште 1.600 тона.

Државниот секретар во Министерството, Слободан Филиповиќ изјави дека кога станува збор за вишок оружје, треба да се има предвид историскиот контекст и конфликтните случувања на овие простори, како и бројноста и функционирањето на некогашната војска.

– По обновата на независноста, Црна Гора наследи големи количини застарено оружје и средства коишто се нефункционални за потребите на Војската на Црна Гора. Црна Гора посветено работеше на решавање на овој проблем преку МОНДЕМ проектот, со којшто успеавме вишокот вооружување од над 10.000 тони да го намалиме за 85 отсто, појасни Филиповиќ.

Амбасадорот на Велика Британија во Црна Гора, Јан Витинг образложи дека целиот процес на уништување на тие 403 тони старо оружје ќе трае 15 месеци, и дека тоа ќе придонесе за безбедноста на црногорските граѓани.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба