Македонија со најорганизиран штанд на саемот за туризам во Истанбул

Од:

Македонија е добитник на наградата за најорганизиран штанд на саемот за туризам ЕМИТТ во Истанбул, Турција, еден од петте најголемите и најпосетени интернационални саеми за туризам во светот.

– Во конкуренција од повеќе од 80 држави и над 5.000 институции лоцирани во 12 хали, штандот на Македонија е прогласен за најорганизиран за 2017 година на 21-от саем за туризам во Истанбул. Саемот во Истанбул беше посетен од 46.670 посетители во периодот од 26 до 29 јануари годинава, а присутни беа 450 тур-оператори од 55 земји, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Оттаму нагласуваат дека во Истанбул ја презентирале природата, културата и отоманските споменици во Македонија, вклучувајќи ги и македонската традиција и туристичките посети на градовите.

– Штандот на Македонија беше посетен од турскиот министер за култура и туризам Наби Авци, како и од генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи кои искажаа задоволство од учеството на Македонија на саемот и ги потенцираа најзините природни убавини споделувајќи ги личните импресии, посочуваат од Агенцијата.

На штандот на Република Македонија во Турција, ко-егзибитори беа македонските тур-оператори Бадемтур, Генерал Турист, Фибула, Балкантиме и Вардар Експрес, а штандот го посетија и македонскиот амбасадор во Турција Живко Муцунски, конзулот Синиша Иванковиќ, и економскиот промотор Филиз Вели.

Лани Македонија ја зема првата награда за пријателство на саемот за туризам ЕМИТТ во Истанбул, Турција.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ