Четиринаесет еврејски центри во САД и еден во Канада добиле бомбашки закани вчера – последниот ден од јануари, пренесе БТА.
Минатиот месец во три наврати имаѓе вакви масовни закани против еврејски центри во земјата.
На 9 јануари закани беа упатени до 16 центри во девет држави, а на 18 јануари – 27 центри во 17 држави.
Вчера беа упатени закани против 14 еврејски центри во 10 американски држави и еден во Канада, соопшти нивно здружение. Речиси сите веќе се прогласени за безбедни од органите на прогонот, но остануваат под засилена заштита.
„Загрижени сме од антисемитизмот кој стои зад овие закани“, рекоа од Здружението на еврејските центри во Северна Америка.