Советникот на генералниот секретар на ФИБА, Лубомир Котлеба е во работна посета на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).
За време на престојот во Македонија, високиот фукнционер на ФИБА направи инспекција на арената „Борис Трајковски“, на СЦ „Јане Сандански“ и хотелите во Скопје , во кои МКФ ќе ги организира средбите и ќе ги смести репрезентациите гости на нашата најдобра селекција во претквалификациите за СП во Кина 2019.
Поранешниот судија и делегат Котлеба ја посети и федерацијата каде оствари средба со претседателот Петар Наумоски и со генералниот секретар Моника Гаврилоска.
На средбата со раководството на МКФ високиот претставник на ФИБА доби детални информации околу организациската поставеност на македонската кошарка, комуникацијата со ФИБА , и секако подготвеноста на федерацијата за организација на претстојните натпревари.
Работната посета на Македонија советникот на генералниот секретар на ФИБА, Лубомир Котлеба ја искористи и за работна средба со генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет Сашо Поповски.