Гарет: Партиите работат на составување влада и се истражуваат сите можности

Од:

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет денеска во коментар на политичките случувања во државава изјави дека партиите работат на составување влада и се истражуваат сите можности.

Многу од работите, посочи Гарет, зависат од тековните состаноци и разговори коишто сега се случуваат.

– Ситуацијата се уште не е решена, партиите работат на составување влада и ги истражуваат сите можности врз основа на изборите на 11 декември, изјави Гарет, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Конференција посветена на споделување практики и иновативни модели за подигнување на младинската вработливост во Европа.

Изрази надеж за соработка со идната влада во насока на продолжување на реформите.

– Се надеваме дека ќе можеме да работиме со новата влада со посветеност на реформите, рече амбасадорот Гарет.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски