Лајчак: ЕУ да продолжи со политиката на отворени врати

Од:

Словачкиот министер за надворешни и европски работи Мирослав Лајчак изјави дека е неопходно да се продолжи со политиката на отворени врати кон земјите од Западен Балкан и оти Европската унија во следниот период треба да испраќа јасни пораки за кредибилноста на таа политика.

Лајчак синоќа за телевизија Црна Гора истакна дека продолжението на политиката на отворени врати на ЕУ е мошне важно, особено поради земјите, кои се во транзиција, со цел да имаат јасна перспектива за членство.

– Парламентарниот бојкот на црногоската опозиција во оваа фаза на европските интеграции не може да влијае врз тој процес, смета Лајчак.

Тој изрази уверување дека Црна Гора има зрелост и капацитет и сегашната ситуација да ја надмине сама, без помош од страна.

Лајчак очекува продолжение на забрзаното темпо за ратификација на протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО, во согласност со внатрешната парлментарна динамика на земјите-членки на Алијансата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1