МКФ бара целосно почитување на пропозициите и актите

Од:

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ја информира јавноста за последните случувања, поврзани со суспензиите на неколку екипи од Првата кошаркарска лига, поради неподмирување на долговите кон федерацијата.

Во соопштението на МКФ се вели:

– Пред почетокот на сезоната 2016/2017 во Првата кошаркарска лига Управниот Одбор при МКФ донесе одлука за висина на таксите за странските кошаркари. Потоа следуваа неколку состаноци меѓу раководството на МКФ и членовите на Здружението на клубови од Првата лига.

Сето ова потоа кулминираше со заеднички договор меѓу МКФ и Здружението на клубови од Првата лига.

Договор според кој федерацијата ќе ја прифати Иницијативата на неколкуте клубови за свикување на Вонредно Собрание на МКФ, а канцеларијата на Федерацијата до клубовите да ги достави фактурите со вкупни суми за надомест за регистрација на странските кошаркари, клубовите да ја платат само обврската кон ФИБА , а остатокот да биде платен во целост, еден ден по Вонредното Собрание на МКФ, кое се одржа на 15.12.2016 година, со барања за гласање, доверба/недоверба на претседателот на МКФ Петар Наумоски.

По завршувањето на Вонредното Собрание на МКФ, на кое претседателот Наумоски ја доби доверба од мнозинството на делегати, раководството на МКФ јавно го пролонгираше датумот за доплата на преостанатиот дел од таксата за регистрација на странски кошаркари до 20.01.2017 година.

Но, и покрај сите разбирања и заложби на раководството на МКФ, одредени клубови не го почитуваа договореното и се обидуваат преку нови состаноци на Здружението на клубови од Првата лига да го прекинат договорот, претходно прифатен од сите.

На тој начин тие им нанесуваат штета не само на поголемиот број на клубови кои го почитуваа договорното и веќе ги подмирија своите обврски кон МКФ, туку и на самите себе и на клубовите со кои раководат.

Актуелното раководство на Македонската кошаркарска федерација од самиот почеток па се до денес се бори за воспоставување и почитување на редот, правилниците и Статутот на МКФ кој самите членки на федерацијата ги имаат изгласано.

Кошарката е спорт кој бара почитување единство и целосно применување на пропозиции и акти кои на сите добро им се познати, во спротивно се би било класична лакрдија, стои во соопштението на МКФ.

Поради неисплатени долгови за лиценци и казни, МКФ во петокот ги суспендира екипите на Куманово, Кожув, Струмица и Карпош Соколи.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос