Измината недела 1.294 повици на Ало докторе

Од:

Во текот на измината недела за медицински совет на телефонската линија Ало докторе се јавиле 1.294 граѓани.

Како што соопшти денеска ЈЗУ Здравствен дом Скопје, од воспоставувањето на линијата регистрирани се 136.259 повици од граѓаните.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Вкупно 25 доктори се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата најчесто се за совети поврзани со респираторни симптоми, кардиоваскуларни проблеми, главоболки, покачена телесна температура, кашлици и симптомна болка.

На лицата кои побарале здравствена помош на линијата Ало докторе им е даден медицински совет и соодветна симптоматска терапија.

Би можело да ве интересира

На „Ало докторе“ 1.375 повици за една недела

Ана Ололовска

На „Ало докторе“ за една недела 1.261 повик

Ана Ололовска

На „Ало докторе“ досега 145.832 јавувања

Наум Локоски

На „Ало докторе“ за една недела 1.231 повик

Ана Ололовска

На „Ало докторе“ 1.280 повици изминатата недела

Наум Локоски

Зголемен бројот јавувања на „Ало докторе“ по серијата земјотреси

Емир Латифовиќ