Ѓорческа по Австралија Опен е на 192. место на ВТА листата

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во квалификациите на Австралија Опен и освоените 30 поени „се спушти“ под 200 место на ВТА листата. Таа сега се наоѓа на 192. место со 284 поени и направи скок од 12 места што е нејзин најдобар пласман.

На следното рангирање Ѓорческа ќе загуби еден бод, а оваа недела настапува на фјучрс турнир во Гренобл.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад за шест места и се наоѓа на 135. место со 539 поени.

Магдалена Стоилковска во сингл е на 1239. место (напредок за 10 места), а во двојки е на 1167 место.

На врвот на ВТА листата има промена и Серена Вилијамс сега е прва со 7780 поени, пред Анжелик Кербер со 7115, потоа во ТОП 10 следуваат Каролина Плискова, Симона Халеп, Доминика Цибулкова, Агнешка Радванска, Гарбине Мугуруза, Светлана Кузнецова, Медисон Кејс и Џоана Конта.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ