Кели: Уредбата е во согласност со законот

Од:

Американскиот секретар за национална безбедност Џон Кели изјави денеска дека примената на извршната одредба за бегалците и мигрантите, што во петокот ја донесе американскиот претседател Доналд Трамп, е во согласност со законот и со националните интереси.

Во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп донесе извршна уредба за имиграција со која на државјаните на седум земји – Иран, Ирак, Сирија, Јемен, Судан, Сомалија и Либија нема да им се издаваат визи во наредните три месеци, додека влезот на сириските бегалци им е забранет на неодредено време.

Трамп ја образложи уредбата со тоа дека сака да ги спречи „радикални исламски терористи“ да влезат во САД, меѓутоа со тоа предизвика бурни реакции и протести во земјата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени