При нападите на САД во Јемен се убиени 41 наводни припадници на Ал Каеда и 16 цивили.
Ова е првата воена операција на САД против џихадисите во Јемен, откако претседателот Доналд Трамп стапи на должност.
Меѓу убиените во провинцијата Бајда има седум жени и три деца.
При нападот што беше изведен со дронови и хеликоптери „Апачи“ погодени се училиште, џамија и болница што биле користени од војниците на Ал Каеда.