Првопласираните два тима во Првата кошаркарска лига на Македонија, Работнички и Фени Индустри вечерва остварија победи на натпреварите од 10.коло.
Работнички го совлада Вардар како гостин со 82:73, а најефикасен на дуелот беше Владо Илевски со 20 поени.
Во Кавадарци, Фени Индустри на домашен терен беше убедлив против Пелистер и победи со 88:51.
Поради суспензиите за екипите Куманово, Кожув и Струмица, кои ги немаат подмирено финансиските средства кон МКФ (Македонската кошаркарска федерација) нема да се играат натпреварите Куманово – Охрид и Струмица – Кожув. Разврската за овие дуели ќе биде позната следните денови по одлуките коишто ќе бидат донесени од страна на канцеларијата на МКФ.
Табела: Работнички 19 бодови, Фени Индустри 19, Куманово 15, Кожув 14, Пелистер 14, Струмица 12, Охрид 11, Вардар 10.