Абе очекува дека при управувањето на Трамп САД ќе станат „уште поголема земја“

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе при телефонскиот разговор со американскиот претседател наведе, дека очекува за време на управувањето на Доналд Трамп, САД да станат „уште поголема земја“, јави ТАСС.

Заменик-генералниот секретар на кабинетот на јапонскиот премиер Коичи Хагиуда истакна оти Абе му објаснил на Трамп за придонесот од јапонските производители на автомобили за американската економија.

Американскиот претседател ја нарекол Јапонија „крајно важен партнер“ за Вашингтон.

Двајцата биле едногласни во оценката за важноста на билатералните економски односи, но не ги разгледале во детали темите за Транстихоокеанското партнерство или билатералните трговски договори.

Абе и Трамп размениле мислења за безбедноста во Источна Азија, но не разговарале по прашањето за трошоците за распоредувањето на американските војници во Јапонија.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени