Американскиот претседател Доналд Трамп оствари денеска телефонски разговор со јапонскиот премиер Шинѕо Абе и при тоа ја потврди „челичната посветеност“ на САД за безбедноста на Јапонија.
Двата лидери ветија дека ќе се консултираат и соработуваат во поглед на заканите од Северна Кореја, соопшти Белата куќа.
Трамп за време на разговорот го повика Абе на состанок во Вашингтон на 10 февруари.
Исто така разговарале и за претстојната посета на американскиот министер за одбрана Џејмс Матис во регионот.