Закерберг: САД се земји на мигранти

Од:

Директорот на компанијата „Фејсбук“ Марк Закерберг ја критикуваше одлуката на новиот претседател на САД Доналд Трамп за забрана за влез на мигранти во САД.

– САД се нации на мигранти и треба да бидеме горди на тоа, напиша Закерберг на неговиот Фејсбук профил.

Тој додаде дека неговите прадедовци и прабаби дошле во САД од Германија, Австрија и Полска, а родителите на неговата сопруга дека се бегалци од Кина и Виетнам.

– Мораме да ги држиме отворени вратите за бегалците и оние на кои им е потребна помош, наведе директорот на компанијата „Фејсбук“.

Исто така, тој побара од Трамп да не ги депортира луѓето кои „немаат документи“ и не претставуваат никаква безбедносна закана.

Како и многу други технолошки компании и „Фејсбук“ вработува високо обучени мигранти како инженери.

Американската компанија „Гугл“ ги повика во САД членовите на нивниот персонал кои живеат на прекуморските територии, откако новиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со што се ограничува влезот во земјата на државјаните од седум муслимански земји.

Од компанијата „Гугл“ наведоа дека се загрижени поради указот и било кои други мерки што би можеле да го блокираат влезот на многу талентирани луѓе во САД.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени